Туристичката Агенција „СМИРА“ постои веќе 20 години во јавниот превоз. Истата има сопствени современи автобуси опремени со меѓународни стандарди а кои овозможуваат вашето патување да биде удобно и релаксирано.
Персоналот има долгогодишно искуство во организирање, одржување на националните и меѓународниот транспорт.
„Смира“ има меѓународна редовна линија Скопје-Брисел-Скопје со овој редослед -
-поаѓање од Скопје секоја сабота од Скопје автобуска станица во 15.00
-враќање од Брисел секоја среда од Брисел Gare du Nord во 12:00
Релација на патување - Македонија -Србија-Унгарија-Австрија, Германија, Белгија.
Покрај редовната линија, исто така, кај нас може да се организираат разни екскурзии и други патувања на сите дестинации и потреби.